Документарно-научниот филм на УГД ТВ и Филмската академија насловен „Хидрогеолошки карактеристики на изворската пештера Слатински Извор“ ќе биде промовиран во вторник (16.5.2017) во 13 часот на Кампус 2 на УГД.
Промоцијата ќе има за цел да го прикаже филмот кој е во продукција на УГД ТВ заедно со Филмската академија при УГД, а автор на истражувањето и филмот e Билјана Гичевска.
Филмот содржи начини како да се истражуваат карстните предели и интердисциплинарност во научните истражувања. Предмет е изворската пештера, а во филмот ги има резултатите што се добиени од научното истражување на Билјана Гичевска.
Настанот ќе го отвори ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, а говори ќе одржат и претседателот на Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ Али Самет, Оливер Гичевски од Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ и проф. д-р Драган Колцаковски од ПМФ во Скопје.
Настанот ќе се одржи во свечениот амфитеатар на Кампус 2 на УГД.