Катедрата за современ танц при УГД, чиј оснивач и декан е редовен професор д-р Рисима Рисимкин, е отворена во септември 2017 година како дел од Филмската академија, а од 2019 година има свои простории во Дом на АРМ во Скопје. Оваа програма е донесена во Македонија со посредство на Интерарт културниот центар, кој во 2008 година потпиша Меморандум за соработка со Ротердамската академија за танц при Универзитетот КОДАРТС во Ротердам, Холандија.

Експертизата е преземена во времетраење од три години, од 2010 до 2013 година, со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во С.Македонија. Оваа програма е единствена во Македонија и во регионот, по определувањето за производство на современи танчери. Студентите на Катедрата за танц при УГД имаат можност за пракса во Скопје танцовиот театар, со што се здобиваат со можност за надградба и настапи во професионални продукции и гостувања на престижни фестивали низ светот.

Покрај редовен проф. д-р Рисима Рисимкин, во практичната изведба на наставата учествуваат асистентката Адријана Данчевска, како и стручните соработници Дејан Битровски и Анастасија Данчевска.

Програмата е базирана на тригодишен прв циклус студии, на македонски и англиски јазик, за кој студентите се здобиваат со диплома - дипломиран современ танчер и 180 кредитиПо завршувањето на првиот циклус, студентите имаат можност за продолжување на едукацијата на втор циклус настава, за изведувачки уметности, со можност за специјалност по кореографија или танцова педагогија.

Студентите на Катедрата за современ танц, праксата ја добиваат во соработка со Скопје танцовиот театар и досега имаат остварено повеќе гостувања во земјава и надвор од неа, како дел од програмата на оваа, единстевена современа танцова компанија кај нас: во рамки на програмата на „Културната сезона“, проект на земјите од централна и југоисточна Европа и Кина ( 16+1) во Чуанџо, Кина (2017); на Hоlland Dance Festival во Хаг, Холандија, кој важи за еден од најдобрите фестивали за современ танц на светско ниво (2018); на триесет и седмото издание на престижниот Battery Dance Festival во Њујорк, САД (2018); на фестивалот на Пекингшката академија за танц во Пекинг, Кина (2018); во Националниот театар за современ танц во Париз „Шајо“, Париз, Франција (2022). Воедно студенттие на Катерата за современ танц при ИГД, имаат редовни настапи во рамки на фестивалот Танц Фест и постојано настапуваат на сцената во Дом на АРМ.

Технички секретар / Секретар

Снежана Бардарова
Тел: +389 32 550 980
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Филмска академија

Department of Contemporary Dance map