Скопје танцовиот театар 2, Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Интерарт најавуваат одржување на настанот „Инкубатор“, уметничка вечер посветена на младите автори и изведувачи кои ја обликуваат иднината на современиот танц во Македонија.

Во рамки на програмата, студентите од Скопје танцов театар 2 – од прва, втора и трета година на Катедрата за современ танц при Филмската академија на Универзитет „Гоце Делчев“ – ќе се претстават со три сценски танцови дела и три кратки танцови филмови. Делата се резултат на нивниот истражувачки и креативен процес, развојот на танцовата техника и постепеното оформување на нивниот уметнички израз.

Публиката ќе има можност да проследи разновидни уметнички пристапи, од документарно-иронични наративи и апстрактни деконструкции, до силни емоционални и визуелни експерименти. „Инкубатор“ претставува платформа каде што младите уметници ги тестираат сопствените граници и го артикулираат својот авторски глас на свеж, експериментален и бескомпромисен начин.

Во сценскиот дел од програмата ќе бидат изведени кореографиите „Mockumentary“ и „W r o n g“ на Адријана Данчевска-Ровчанин, како и делото „I'm back! I got lips again and I'm gonna use them, baby!“ на Дејан Битровски, во изведба на студентите од Скопје танцов театар 2.

Покрај сценските настапи, програмата вклучува и проекција на студентски кратки танцови филмови: „Parallax“, „Убиј го најдрагото“ и „Aquarium“, реализирани од студентите како целосни авторски проекти – од концепт и кореографија, до костим и постпродукција.

Настанот најавува вечер исполнета со млада енергија, автентични творечки потписи и јасно препознатлив потенцијал на новата генерација современи танчари и кореографи.

Билетите ќе бидат достапни онлајн преку платформата mktickets.mk од 15 декември (понеделник), како и на билетарницата на МКЦ, вечерта пред настанот од 19 часот, по цена од 300 денари.

Организаторите ги покануваат сите љубители на современата уметност да присуствуваат и да им дадат поддршка на идните носители на современиот танцов јазик во земјава.

Технички секретар / Секретар

Снежана Бардарова
Тел: +389 32 550 980
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Филмска академија

Department of Contemporary Dance map