Проектот „УГД – Чекор кон светот“ се одржува трета година по ред, при што студентите од Катедрата за современ танц и балетска педагогија на Универзитетот „Гоце Делчев“ имаат можност за професионална надградба на своите знаења и активно вклучување на професионалната сцена во соработка со Скопје танцов театар.

Во периодот на април, мај и јуни студентите имаат можност за работа на повеќе работилници со кореографи и професори од земјава и од странство. Гостин на проектот беше италијанската кореографка Џилда Цесарио, која во период од две недели работеше на усовршување на студентите на современа танцова техника, како и креирање на оригинална кореографија за нив, под наслов „Несовршен превод“, која се изведе во рамките на Интернационалниот фестивал „Танц фест Скопје 2025“. Во рамки на фестивалот, со студентите беше изведена и кореографијата „Вортекс“ на кореографката Адријана Данчевска и претставата „Идентитети - Будење“ на Рисимкин. Воедно, студентите од Катедрата за современ танц настапија и во претставата „Д (како Дездемона“ во кореографија на Рисима Рисимкин, која се изведе во склоп на „Денови на македонски кореографи“ на Малата сцена на Националната опера и балет, како и на отворање на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола.

Студентите од Балетска педагогија настапија со кореографијата „Бунтовни Венери“ во кореографија на Олга Панго, а имаа можност за надградба преку работилница со Дијана Имери Илковска, насловена како „Важноста на музичката придружба во креирање на балетски екзерсис“. Катедрата за современ танц и балетска педагогија при Универзитетот „Гоце Делчев“ ја продолжува својата мисија да им овозможи на студентите солидно образование, како и надградба на знаењата со цел да се пласираат што подобро на домашната и европска професионална сцена.

Технички секретар / Секретар

Снежана Бардарова
Тел: +389 32 550 980
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Филмска академија

Department of Contemporary Dance map