Филмот „10 годни УГД“ е направен по повод одбележување на јубилејот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Филмот е идеја и реализација на Филмската академија при УГД, а во режија на студентите Димитар Јанкоски, Александар Арсовски, Ѓорѓи Лазов и Викторија Витанова. Директор на камера е студентот Никола Марковски, а за монтажата е заслужен Димитар Спирковски. Аудиодизајнот е на Трајче Миланов, а асистенти се Халид Хоџиќ, Елена Илиевска, Сара Јазачиска и Ангела Јосифова. Студентите го подготвуваа филмот под менторство на професорката Марија Џиџева.
Филмот го раскажува Универзитетот од перспектива на иден студент, на студент кој од иднината сака да дознае што се случувало на УГД во годините кои изминале, за почетоците и патот по кој УГД се движел. Во продолжение погледнете го и уживајте во овој краткометражен филм.