Од 1 до 3 јули, во рамки на Културната унија помеѓу Кина и земјите од Централна и Југоисточна Европа и програмата за танцови работилници, која ќе трае во следните шест месеци, деканката на Филмската академија, Катедра за современ танц при Универзитет „Гоце Делчев", професор д-р Рисима Рисимкин, ќе одржи серија предавања на тема „Развој на софтвер за компјутерски генерирана кореографија“. 

Во програмата ќе учествуваат повеќе европски и кинески предавачи, во текот на следните шест месеци, а честа да ја отвори оваа програма ја има токму професорката Рисимкин. 

„Навистина сум возбудена од овие предавања и огромниот интерес на студентите на Културната унија. За мене е прекрасно ново искуство овие предавања за поврзување на уметноста и технологијата, по споделувањата на сцените во Братислава (Словачка), Загреб (Хрватска) и Рига (Латвија), да ги споделам со огромен број студенти кои ги следат предавањата овие три дена. Компјутерски генерирана кореографија е термин кој се јавува кон крајот на минатиот век и кој интензивно се развива и сметам дека е одлична можност студентите од областа на танцот да се запознаат со овие нови интенции“ – вели професорката Рисимкин. 

Трудот „Развој на софтвер за компјутерски генерирана кореографија“ на професорката Рисимкин, беше првично презентиран и објавен во рамки на Научната конференција ЕТИМА 2021. Рисимкин и понатаму го развива истражувањето во последната година и ги споделува своите сознанија со голем број танцови уметници од светот.  

Воедно, во склоп на предавањата професорката Рисимкин ќе ги претстави студиските програми на Катедрата за современ танц при УГД, за додипломски и мастер студии, како и отворањето на првите докторски студии од областа на теоријата на танцот кај нас, кои ќе започнат со работа од септември 2023 година, со цел да се привлечат што повеќе странски студенти, кои оваа Катедра веќе ги има меѓу редовите на своите студенти.  

Технички секретар / Секретар

Снежана Бардарова
Тел: +389 32 550 980
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Филмска академија

Department of Contemporary Dance map