Студентите на Катедрата за современ танц при УГД, под менторство на професор д-р Рисима Рисимкин, имаа извонредни настапи во рамки на фестивалот Танц Фест Скопје 2022 година. На 16 април 2020 година, во кореографијата „Котел“ на Рисимкин настапија младите танчери: Сара Димовска, Јоана Благадуша, Андреј Димоски, Клара Цветковска, Емилија Милак, Викторија Коцева, Стефани Шааршмит.

Со тој настап беа промовирани како подмладок, танчерите кои  од годинава влегуваат во состав на Скопје танцовиот театар 2, како нова креативна снага на современата танцова сцена кај нас. Музиката за „Котел“ е на Тони Китановски, костимите на Благој Мицевски. Второто дело во кое настапија студентите Сара Димоска, Стефани Шааршмит, Андреј Димоски и Викторија Коцева, поддржани од професионалниот тначер Дејан Битровски, беше „Go Figure It Out“ на асистентката на Катедрата за современ танц при УГД, Адријана Данчевска, на музика Herzel-Glimmering Eyes, Sawf-Sand.  За крај се изведе претставата и „Идентитети - Историја на еден растегната сон“ на Рисимкин, со Скопје танцовиот театар, претставата која постигна извонреден успех на гостувањето во Париз, а во која покрај професионалните танчери настапија и студентите Викторија Коцева, Андреј Димоски, Стефани Шааршмит и Емилија Милак.

На 19 мај на сцената ан Дом на АРМ во Скопје, студентите на Катедрата за современ танц ќе настапат во претставата ИМПУЛС на Скопје танцовиот театар 2. Ќе бидат изведени делата “КОНТУРА“ на Дејан Битровски, во кое ќе настапи студентката Емилја Милак, како и „Go Figure It Out #vol2“ во изведба на  Стефани Шаршмит, Викторија Коцева, Андреј Димоски, Сара Димовска, Клара Христова, Емилија Милак, Јоана Благадуша, Микаела Анџела Глигорова.

Во рамките на вечерта ќе бидат презентирани и две кореографиите на студентите од Мастер студии за кореографија, во класа на Рисима Рисимкин, “NEBULA MZ3” на Ана Папаниколау, а ќе настапата студентите Клара Христова и Стефани Шааршмит, како и короеграфијата “БЕЗ-НАДЕЖЕН” на Иван Ангелковски во која настапува студентката  Стефани Шааршмит.

Технички секретар / Секретар

Снежана Бардарова
Тел: +389 32 550 980
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Филмска академија

Department of Contemporary Dance map