Од ноември 2021, за прв пат ќе започнат и програмите за втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД, мастер програми за кореографија и танцова едукација, на англиски јазик, за кои веќе има голем интерес од земјава и од странство.

Катедрата за современ танц при Филмската академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ од денеска ја почнува наставата во новоотворените простории во Домот на Армијата во Скопје.

Просториите се целосно реновирани и по највисоки стандарди опремени за изведување настава за современ танц. Катедрата за современ танц најавува богата програма во која ќе учествуваат студентите, преку соработката со девет европски танцови универзитети и академии, со кои се најавува тесна соработка во следниов период. Со голема возбуда, повторно се планира програмата за фестивалот „Share“ кој се одржува од 2017 година, а во 2018 година се одржа во Скопје и во Штип, кога учествуваа повеќе од сто студенти од девет академии од Австрија, Словенија, Унгарија, Полска, Чешка, Велика Британија, Латвија и С. Македонија.

За прв пат во текот на пандемијата, оваа програма се обновува и ќе се одржи во Братислава, Чешка. Новата генерација студенти на УГД ќе имаат можност да работат по современа европска програма, да настапуваат и да разменуваат искуства со останати студенти од Европа и пошироко. Својата пракса и понатаму ќе ја имаат во соработка со Скопје танцовиот театар, што ќе им овозможи настапи во земјава и во странство.

Од ноември 2021, за прв пат ќе започнат и програмите за втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД, мастер програми за кореографија и танцова едукација, на англиски јазик, за кои веќе има голем интерес од земјава и од странство. Во рамките на овие програми ќе се одржува и програма, насловена „Креативен центар“ во која студентите од вториот циклус студии, покрај регуларната настава, ќе имаат можност да посетуваат предавања на врвни уметнички имиња од полето на изведбените уметности, визуелните уметности, но и социологија и антропологија од земјава и од странство.

Универзитетот „Гозе Делчев“ и Катедрата за современ танц, во целост ќе ги запазуваат протоколите за работа во време на пандемија со ковид-19.

Превземено од : https://plusinfo.mk/

Технички секретар / Секретар

Снежана Бардарова
Тел: +389 32 550 980
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Филмска академија

Department of Contemporary Dance map