Филмската академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ и Филозофското друштво на Македонија организираат Филозофски филмски фестивал во Штип.

Фестивалот традиционално се одржува во Скопје, а годинава како поддржувач се јави и Универзитетот „Гоце Делчев“, па како резултат на таа соработка дел од филмовите ќе се прикажуваат и во Штип.

Распоредот за прикажување е следниот:

  • 19 април (среда) со почеток од 19 часот (Мултимедијален центар на УГД)
    РАСПАРЧЕН ИЗГЛЕД (Shattered Visage, 2017), реж. Марио Петковски (МК), 12 мин.
    Студентски филм изработен во рамките на 7. Филозофски филмски фестивал
    СОФИЈА  (Zsofika, 2014), реж. Maxime-ClaudeL'Écuyer (CA), 15 мин.
    Награда за најдобар краткометражен филм според жирито на ФФФ 2017
    СЀ  ЗА ЛУЃЕТО (All About People. 2016),  реж. Giorgi Abashishvili (GE), 72 мин.
    Награда за најдобар долгометражен филм според жирито и публиката на ФФФ 2017
  • 20 април (четврток) со почеток од 19 часот (свечена сала на Правен факултет – УГД)
    ЗУЕЊЕТО НА БУМБАРОТ (The Buzzing of a Bumblebee, 2015), реж. Vladimir Beldian (RU),28 мин.
    ПРОЛЕТНА ПОПЛАВА (Spring Flood, 2015), реж. Jeannice Adriaansens (BE), 27 мин.
    Награда за најдобар кракометражен филм според публиката на ФФФ 2017
    ЛИМБО (Limbo, 2016), реж.KonstantinaKotzamani (GR), 29 мин.
    Специјално признание од жирито на ФФФ 2017

Влезот за сите проекции е бесплатен, а поканети се сите заинтересирани да присуствуваат на проекциите. Детали за Филмскиот фестивал можат да се најдат на линкот: www.philosophicalfilmfestival.mk.

Технички секретар / Секретар

Снежана Бардарова
Тел: +389 32 550 980
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.