Катедрата за современ танц при УГД, која ја води вонреден професор д-р Рисима Рисимкин, е отворена во септември 2017 година како дел од Филмската академија. Оваа програма е донесена во Македонија со посредство на Интерарт културниот центар, кој во 2008 година потпиша Меморандум за соработка со Ротердамската академија за танц при Универзитетот КОДАРТС во Ротердам, Холандија.

Експертизата е преземена во времетраење од три години, од 2010 до 2013 година, со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Р Македонија. Оваа програма е единствена во Македонија и во регионот, по определувањето за производство на современи танчери. Студентите на Катедрата за танц при УГД имаат можност за пракса во Скопје танцовиот театар, со што се здобиваат со можност за надградба и настапи во професионални продукции и гостувања на престижни фестивали низ светот.

Покрај проф. д-р Рисима Рисимкин, во практичната изведба на наставата учествуваат и доцент Матеа Киселичка, специјализант Адријана Данчевска, како и Дејан Битровски и Анастасија Данчевска.

Програмата е базирана на тригодишен прв циклус студии, за кој студентите се здобиваат со диплома - дипломиран современ танчер и 180 кредити. По завршувањето на првиот циклус, студентите имаат можност за продолжување на едукацијата на втор циклус настава, за изведувачки уметности, со можност за специјалност по кореографија или танцова педагогија.

Во периодот на учебната сезона 2017/2018 година, студентите на Катедрата за современ танц при УГД имаа можност преку праксата во Скопје танцовиот театар да настапат во Кина, Чуанџо на „Културната сезона“ во рамките на проектот 16+1 помеѓу земјите на централна и на југоисточна Европа и Кина.

Во февруари 2018 година тие настапија во рамките на настапот на Скопје танцовиот театар на Hоlland Dance Festival во Хаг, Холандија, кој важи за еден од најдобрите фестивали за современ танц на светско ниво.

Во август 2018 година, во рамките на настапот на Скопје танцовиот театар, тие настапија на триесет и седмото издание на престижниот Battery Dance Festival во Њујорк, САД.

Во октомври 2018 година студентите на Катедрата за современ танц при УГД настапија со продукцијата на Скопје танцовиот театар „Егзистирање“ на фестивалот на Пекингшката академија за танц во Пекинг, Кина.

Во ноември 2018 година дел од студентите имаа студиски престој на Ротердамската академија за танц, во рамките на соработката на Интерарт културниот центар со оваа академија.

Технички секретар / Секретар

Снежана Бардарова
Тел: +389 32 550 980
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.