Проектот „УГД – Чекор кон светот“ продолжува со втор дел на активности, кои започнаа на 16 август.

Во рамките на вториот дел на проектот студентите на Катедрата за современ танц ја остваруваат својата пракса со Скопје танцовиот театар и се подготвуваат за меѓународно гостување во Италија. Во рамките на реномираниот Верона Шекспир Фринге фестивал, Скопје танцовиот театар ќе настапи со претставата „Лејди Магбет“ на кореографката и професорка Рисима Рисимкин, во театарот „Камплој“ на 29 август, во 21 часот. Ова е извонредна можност за студентите да се вклучат во професионална продукција и да гостуваат на светската уметничка сцена, со што УГД им овозможува комплетен уметнички развој и пласман на меѓународно ниво. Во рамки на фестивалската програма на 28 август во 18 часот, на сцената на „Камплој“ театарот во Верона ќе се одржи сесија посветена на претставата „Лејди Магбет“ на Рисима Рисимкин, на која ќе присуствуваат уметници од фестивалската програма, режисери, менаџери и студенти на Универзитетот во Верона и истражувачкиот центар при Универзитетот „Skenè Centre“.

Фестивалот има за цел да ја спои работата на истражувачите и уметниците кои ги напуштаат претходно поставените граници, да овозможи нови начини на изведба, прием и пренос на уметничките пораки, тој создава можности за публиката да доживее разновидна низа на имагинативни одговори на делата на Шекспир. Во периодот на фестивалската програма, покрај размена на професионални уметнички искуства, студентите од повеќе земји кои се посветени на нови уметнички искуства ќе имаат можности за претставување на своите дела и програми, како размена на нови уметнички енергии и дострели. Студентите на Катедрата за современ танц при УГД активно ќе се вклучат во сите домени на фестивалската програма, кои потоа ќе можат да ги споделат со своите колеги во земјава.

 

Технички секретар / Секретар

Снежана Бардарова
Тел: +389 32 550 980
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Филмска академија

Department of Contemporary Dance map